Почетна  најава 

 
За нас
Контакти
Настани
Инструкции
Безбедност
Помош
Политика за приватност
Најава
Корисничко име:
лозинка:


 
Casys cPay

Инструкции за cPay модулот за клиенти

СОДРЖИНА

Изврши го плаќањето кон трговецот

Плати, без да се регистрираш

Изврши го плаќањето по регистрација

Регистрирани корисници

Заборавено корисничко име или лозинка

cPay Модул за клиент

Состојба на сметка

Преглед на сите плаќања

Електронска трговија

Промена на податоците на корисникот

Промена на лозинка

ИЗВРШИ ГО ПЛАЌАЊЕТО КОН ТРГОВЕЦОТ

По избор на продуктите или сервисите на интернет страната на трговецот, купувачот се пренасочува на cPay модулот за клиент да го комплетира плаќањето.

На купувачот му се презентираат три можности:

- Изврши го плаќањето без регистрација

Најбрз начин да се комплетира плаќањето.

- Регистрирај се на cPay и плати

Регистрацијата е брза и бесплатна. Регистрираните корисници имаат дополнителни привилегии, како што се:преглед на плаќања направени преку cPay и проверка на состојба на сметка на платежна картичка.

- Најави се и изврши го плаќањето

Доколку купувачот е веќе регистриран на cPay, потребно е да се најави со неговото корисничко име и лозинкa пред да продолжи со плаќањето.

 

 

 

 

 

ПЛАТИ, БЕЗ ДА СЕ РЕГИСТРИРАШ

Кликнете на линкот ПЛАТИ

Нова страна се отвара. Таа ја содржи форма за плаќање на нарачката.

Пополнете ја формата со валидни податоци:

- Број на платежна картичка:

Точниот број на Вашата платежна картичка.

- Име на имателот на платежната картичка:

Цело име на имателот на платежната картичка, онака како што е запишано на самата платежна картичка.

- Тип на платежната картичка:

Изберете го типот на платежната картичка.

- Важност на платежната картичка:

Внесете го датумот до кога важи платежната картичка, онака како што е запишано на платежната картичка. 

- CVV2 / CVC2:

Внесете го троцифрениот код кој се наоѓа на задната страна од платежната картичка.

- Име на банката:

Име на банката издавач на Вашата платежна картичка..

- Телефонски број на дежурниот центар:

 

Телефонски број на дежурниот центар на банката издавач на Вашата платежна картичка, како што е наведено на платежната картичка.

Преостанатите податоци во формата автоматски се пополнуваат, согласно направениот избор на клиентот на интернет страната на трговецот.

По пополнување на формата, притиснете го копчето „Продолжи“.

Се отвара нова страница, таа содржи детали за трансакцијата и две копчиња - „Потврди“ и „Откажи“

За да се комплетира плаќањето притисни „Потврди“. Се отвора нова страница која содржи потврда дека трансакцијата е пратена во процесинг центарот.


ИЗВРШИ ГО ПЛАЌАЊЕТО ПО РЕГИСТРАЦИЈА

Кликнете на линкот РЕГИСТРИРАЈ СЕ.

Се отвора нова страна. Во неа е формата за регистрација на клиентот. Некои полиња автоматски се пополнети, според податоците внесени на страната на трговецот.

Внимавајте, e-mail адресата која ќе ја внесете, воедно ќе биде Вашето корисничко име и на истата ќе биде пратена лозинка која ќе се генерира од страна на cPay.

Безбедносното прашање и одговор #1 се користи доколку клиентот го заборави неговото корисничко име.

Безбедносното прашање и одговор #2 се користи доколку клиентот ја заборави неговата лозинка.

По пополнување на формата притиснето го копчето „Сочувај“.

Страната за најавување на cPay се вчитува и се отвора нов прозорец. Во новиот прозорец се содржани податоците кои Вие ги внесовте на претходната страна. Внесените податоци ќе можете да ги проверите и ќе добиете потврда дека корисничкото име и лозинката се испратени на соодветната e-mail адреса.

Проверете го Вашиот е-mail и внесете ги Вашето корисничко име и лозинка на страната за најава на cPay.


 

НАЈАВА

 

По Вашата најава,со внесување на Вашето корисничко име и лозинка, ќе се отвори страна за внесување на податоците од платежната картичка и ќе бидете во можност да го комплетирате плаќањето.

Пополнете ја формата со валидни податоци:

- Број на платежна картичка:

Точниот број на Вашата платежна картичка.

- Име на имателот на платежната картичка:

Цело име на имателот на платежната картичка, онака како што е запишано на самата платежна картичка.

- Тип на платежната картичка:

Изберете го типот на платежната картичка.

- Важност на платежната картичка:

Внесете го датумот до кога важи платежната картичка, онака како што е запишано на платежната картичка. 

- CVV2 / CVC2:

Внесете го троцифрениот код кој се наоѓа на задната страна од платежната картичка.

- Име на банката:

Име на банката издавач на Вашата платежна картичка..

- Телефонски број на дежурниот центар:

 

Телефонски број на дежурниот центар на банката издавач на Вашата платежна картичка, како што е наведено на платежната картичка.

Преостанатите податоци во формата автоматски се пополнуваат, согласно направениот избор на клиентот на интернет страната на трговецот.

По пополнување на формата, притиснете го копчето „Продолжи“.

Се отвара нова страница, таа содржи детали за трансакцијата и две копчиња - „Потврди“ и „Откажи“.

За да се комплетира плаќањето притисни „Потврди“. Се отвора нова страница која содржи потврда дека транскцијата е пратена во процесинг центарот.

 

РЕГИСТРИРАНИ КОРИСНИЦИ

Кликнете на линкот НАЈАВИ СЕ.

НАЈАВА

 

По Вашата најава,со внесување на Вашето корисничко име и лозинка, ќе се отвори страна за внесување на податоците од платежната картичка и ќе бидете во можност да го комплетирате плаќањето.

Пополнете ја формата со валидни податоци:

- Број на платежна картичка:

Точниот број на Вашата платежна картичка.

- Име на имателот на платежната картичка:

Цело име на имателот на платежната картичка, онака како што е запишано на самата платежна картичка.

- Тип на платежната картичка:

Изберете го типот на платежната картичка.

- Важност на платежната картичка:

Внесете го датумот до кога важи платежната картичка, онака како што е запишано на платежната картичка. 

- CVV2 / CVC2:

Внесете го троцифрениот код кој се наоѓа на задната страна од платежната картичка.

- Име на банката:

Име на банката издавач на Вашата платежна картичка.

- Телефонски број на дежурниот центар:

 

Телефонски број на дежурниот центар на банката издавач на Вашата платежна картичка, како што е наведено на платежната картичка.

Преостанатите податоци во формата автоматски се пополнуваат, согласно направениот избор на клиентот на интернет страната на трговецот.

По пополнување на формата, притиснете го копчето „Продолжи“.

Се отвара нова страница, таа содржи детали за трансакцијата и две копчиња - „Потврди“ и „Откажи“

За да се комплетира плаќањето притисни „Потврди“. Се отвора нова страница која содржи потврда дека транскцијата е пратена во процесинг центарот.
 

ЗАБОРАВЕНО КОРИСНИЧКО ИМЕ ИЛИ ЛОЗИНКА

Во случај да го заборавите Вашето корисничкото име или лозинка, Ве молиме кликнете на соодветниот линк (погледнете подолу).


 

Се отвара нова страна. Во случај да сте ја заборавиле Вашата лозинка, ќе Ви биде генерирана и пратена нова лозинка на Вашиот e-mail, по пополнување на формата.

Во случај да сте го заборавиле Вашето корисничко име, Вашето корисничко име ќе Ви биде пратено на e-mail адресата која ќе ја внесете во формата.

 

 

cPay МОДУЛ ЗА КЛИЕНТ

Доколку сакате да го користите cPay модулот за клиент, по внесување на адресата www.cpay.com.mk, кликнете на линкот НАЈАВА во секцијата КЛИЕНТ

Се отвара страницата за најава, Внесете ги Вашето корисничко име и лозинка и кликнете потврди’. Доколку не сте регистриран корисник, кликнете на линкот Регистрацијаи регистрирајте се.

 

СОСТОЈБА НА СМЕТКА

Клиентите на cPay имаат можност да ја проверат состојбата на сметката на платежната картичка издадена од Банка која е во мрежата на КаСис.За да ја проверите состојбата на сметка на Вашата платежна картичка, кликнете на линкот ’Состојба на сметка’ на навигациониот горен дел од страната или на текстуалниот линк на левиот дел од страната.

 

Страната „ Состојба на сметка“ е вчитана. За проверка на состојба на сметка на платежна картичка, пополнете ги податоците во формата:

 

-      Број на платежна картичка:

Внесете го бројот на Вашата платежна картичка.

 

-      Тип на платежната картичка:

Изберете го типот на платежната картичка.

 

-      CVV2 / CVC2:

Внесете го троцифрениот код кој се наоѓа на задната страна од платежната картичка.

 

-      Важност на платежната картичка:

Внесете го датумот до кога важи платежната картичка, онака како што е запишано на платежната картичка.

 

 

По пополнувањето на бараните податоци, кликнете на копчето „Проверка на состојба на сметка на платежна картичка“. Расположливите парични средства ќе бидат прикажани под формата.

 


ПРЕГЛЕД НА СИТЕ ПЛАЌАЊА

По најавување со Вашето корисничко име и лозинка, кликнете на 'Листа на мои плаќања' во горниот дел на страницата или на линкот на левата страна.

Страницата 'Листа на мои плаќања' се вчитува. Во неа ја има историјата на Вашите плаќања направени преку cPay.

Во горниот дел од страницата има неколку филтри за пребарување кои може да се искористат за да се прикажат одредени трансакции според претходно дефинираните услови за пребарување.

 

-      Почетен датум:

Приказ на плаќањата направени по одредениот датум.

 

-      Краен датум:

Приказ на плаќањата направени пред одредениот датум.

-      Тип на платежната картичка:
Приказ на плаќањата направени според типот на користените платежни картички.

 

-      Број на платежна картичка:
Приказ на плаќањата направени со одредена платежна картичка.

-      Статус:
Приказ на плаќањата според определен статус. Статусост на трансакцијата може да биде:

Успешна – успешно процесирана трансакција

Одбиена – неуспешно процесирана трансакција

Нарачка во процес – од страна на купувачот не е потврдено плаќањето на нарачката.

 

-      Трговец:

Приказ на плаќањата според одреден трговец.

 

-      Опис:

Приказ на плаќањата според описот на плаќањето.

Модифицирајте ги филтрите и притиснете го копчето 'Прикажи'.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА

 За да ја погледнете листата на трговци чии производи и услуги можете да ги платите преку cPay, кликнете на Трговци под Електронска трговија во горниот дел на страницата или на линкот на левата страна. 

 

 

 

ПРОМЕНА НА ПОДАТОЦИТЕ НА КОРИСНИКОТ

Корисникот во секое време може да направи промена на своите податоците. За таа цел кликнете на 'Промена на податоците за корисникот' под 'Профил на корисникот' во горниот дел од страницата или кликнете на линкот 'Профил на корисникот' во менито на левата страна.

 

Страницата „Промена на податоците на корисникот“ е вчитана. Таа содржи форма, пополнета со податоците на корисникот.

Внимавајте, со промена на e-mail адресата, автоматски се менува и Вашето корисничко име!

 ПРОМЕНА НА ЛОЗИНКА

За да ја промените лозинката кликнете на 'Промена на лозинка' под 'Профил на корисникот' во горниот дел на страната или кликнете на линкот 'Профил на корисникот' во менито на левата страна.

Страницата 'Промена на лозинка' е вчитана. Таа содржи форма која ќе Ви овозможи да ја внесете новата лозинка.

Новата лозинка мора да ги задоволува безбедносните барања: да содржи барем една голема буква, една мала буква и цифра. Внесете ја Вашата тековна лозинка, внесете ја Вашата нова лозинка, внесете ја повторно Вашата нова лозинка и притиснете го копчето 'Сочувај'.

Се отвора нова страна која содржи потврда дека лозинката е успешно променета.

 

| За нас | Инструкции | Безбедност | Прашања | Контакти | Настани | Политика за приватност 
©2005, on DAIS eBank .NET | Privacy Policy