Почетна  најава 



 
 

Политика за приватност и безбедност на личните податоци на cPay

Последна обнова: 28.03.2013 година

 Испечати    Превземи

Вовед

Податоци кои ги собираме

Cookies

Користење на Вашите податоци

Безбедност на податоците

Чување на Вашите лични податоци

Откривање на Вашите податоци

Вашите права во однос на податоците што ги собираме и чуваме

Веб-страни на трети лица

Контакт

 

 

Вовед


Нашата компанија, Интернационален Картичен систем АД Скопје, посветува големо внимание на заштитата и зачувувањето на личните податоци на посетителите на нашата страна www.cPay.com.mk (во понатамошниот текст: cPay).

Кога Вие, како посетител, ја пополнувате формата за регистрација, комуницирате со нашите вработени, ни доставувате одредени лични податоци или ја користите нашата веб страна, за одредени лични податоци кои се зачувуваат ние се обврзуваме дека ќе ги чуваме и користиме имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за заштита на личните податоци во Република Македонија, стандардите кои постојат во рамките на Компанијата и останатите стандарди релевантни за работа со платежни картички.

Оваа Политика на приватност дефинира што се случува со личните податоци што Вие ни ги доставувате или со податоците кои ние ги превземаме додека Вие ги посетувате или користите нашите сервиси.

Ве молиме прочитајте ја оваа Политика на приватност внимателно за да разберете за која цел и на кој начин ние ги користиме и чуваме Вашите лични податоци.

Доколку не се согласувате со условите и одредбите во оваа Политика, Ве молиме да не ги користите нашите сервиси.

Секоја идна промена на оваа Политика ќе биде поставена на оваа веб страна. Новата Политика стапува во функција веднаш по поставување на истата на нашата веб страна.

Го задржуваме правото на промена на Политиката на приватност и безбедност на личните податоци во било кое време без претходна најава. Затоа, Ве молиме повремено прегледувајте ја оваа Политика.

на почеток

Податоци кои ги собираме


При посета и користење на нашата веб страна, може да се запишат и процесираат следните податоци:

  • име и презиме, земја, град, поштенски код, адреса на живеење, email адреса и телефонски број – при регистрација на посетителот за cPay кориснички профил;

  • податоци за Вашата кредитна или дебитна картичка - потребни за процесирање на финансиски трансакции. Овие податоци се запишуваат и заради максимална безбедност се чуваат во енкриптиран формат. Собираме детали за секоја направена трансакција преку нашата веб страна од регистрирани или нерегистрирани корисници на cPay;

  • податоци собрани преку “cookies” – за повеќе детали видете во секцијата за Cookies;

  • IP адресата на работната станица преку која пристапувате, најавувања, оперативен систем и тип на пребарувач;

  • информација за користењето на нашиот сајт вклучително и Вашата посета на други страни од нашиот сајт и сервисите кои сте ги користеле.

на почеток

Cookies


"Cookies" се текстуални фајлови кои ги користи пребарувачот во Вашиот компјутер и се состојат од технички податоци во врска со сесијата на посетителот. Овие фајлови сами по себе не го идентификуваат индивидуалниот посетител и не го оштетуваат Вашиот систем.

cPay користи “cookies” за собирање на општи податоци кои ќе се користат понатаму за потребите на веб услугата односно планирање и подобрување на сервисите што ги нуди cPay .

cPay никогаш не собира и чува лични податоци во “cookies” (на ниту еден од компјутерите што ги користи) кои притоа може да бидат искористени за нарушување на Вашата приватност.

Доколку не сакате да користите cookies, истите може да ги оневозможите преку сетирањата во Вашиот пребарувач. Меѓутоа, имајте во предвид дека во тој случај, можно е да не ја добиете целата функционалност на cPay сервисите.

на почеток

Користење на Вашите податоци


Податоците кои ни ги доставувате во процесот на користење на нашите услуги се собираат и чуваат поради неколку причини:

  • За да Ви овозможиме користење на нашите сервиси и процесирање на трансакциите согласно правилата на националните и интернационалните мрежи и индустриски стандарди;

  • За администрација на Вашиот cPay кориснички профил;

  • за идентификациони проверки, односно проверка и спречување на злоупотреба на личните податоци;

  • За подобрување на сигурноста на нашите сервиси и полесно детектирање на можни обиди за неавторизирани трансакции;

  • За известување на клиентите за одредени промени во нашите сервиси.

  • При процесирање на трансакцијата, а со цел за нејзина верификација, дел од личните податоци се разменуваат помеѓу cPay и интернет процавницата на трговецот.

на почеток

Безбедност на податоците


Безбедноста на Вашите лични податоци е од најголемо значење и приоритет за нашата компанија.

Кога пристапувате или сте редиректирани на cPay порталот, севкупната комуникација е заштитена преку технологијата Secure Socket Layer (SSL) со 112bit-на енкрипциска заштита, сертифицирана од Thawte SSL CA.

Меѓутоа, заштитата на личните податоци може да биде ефективна само доколку и Вие како клиент се однесувате согласно одредени безбедносни процедури.

Вие не смеете да ја дистрибуирате лозинката од Вашиот cPay кориснички профил на други лица.

cPay никогаш нема да Ви побара да испратите лозинка или други чувствителни информации преку e-mail, но може од Вас да побара да внесете некои од тие податоци на cPay веб страната која секогаш има URL адреса што почнува со www.cpay.com.mk.

Доколку добиете барање да ја доставите Вашата лозинка, од лица кои тврдат дека се вработени во нашата Kомпанија, бидете сигурни дека барањето не е легитимно и не потекнува од нашата компанија. Во такви случаи Ве молиме да нѐ контактирате преку формата “Контакти” на нашата страна.

на почеток

Чување на Вашите лични податоци


Со цел за максимална безбедност на Вашите лични податоци, ние ги превземаме сите можни чекори на заштита. Користиме повеќе безбедносни технологии и процедури кои придонесуваат за заштита на Вашите лични податоци од неавторизиран пристап, користење или откривање на истите.

Нашите вработени се обучени и запознаени со сите законски и безбедносни правила кои се однесуваат на заштитата на лични податоци и се обврзани да се однесуваат согласно истите.

Сите лични податоци кои ни ги доставувате Вие, се чуваат на сервери до кои има строго дефинирани и ограничени правила за пристап и истите се лоцирани во високо безбедносни зони.

на почеток

Откривање на Вашите податоци


Ние не ги продаваме, разменуваме или изнајмуваме Вашите податоци на други субјекти кои не се опфатени во оваа Политика, освен во следниве ситуации:

  • Личните податоци може да се откријат само во согласност со законските прописи наведени во регулативата за заштитата на личните податоци како и останатата важечка регулатива;

  • За заштита или редуцирање на ризикот од одредени типови на злоупотреба при користење на Вашата платежна картчка ;

  • Доколку Банка клиент – обработувач на лични податоци побара дел од личните податоци заради разрешување на сомнителни и спорни трансакции.

на почеток

Вашите права во однос на податоците што ги собираме и чуваме


Како регистриран корисник на cPay, Вие ги имате следниве права:

  • Увид до Вашите податоци кои Вие сте ги доставиле до нас и промена на истите доколку е потребно;

  • Увид на трансакции и проверка на сметка на картичка (проверка на сметка е сервис достапен само за клиенти со картички издадени од Банки клиенти на Интернационален Картичен Систем)

  • Деактивација на Вашиот профил на Ваше барање;

на почеток

Веб-страни на трети лица


На нашата веб страна може да наидете на Веб-страни на трети лица со кои имаме воспоставено меѓусебна соработка. Ние не ја контролираме содржината или врските кои се присутни на тие Страни и не сме одговорни за постапките на вработените од страните кои се поврзани кон или од нашата страна. Дополнително, наведените страни или сервиси, вклучувајќи ги содржината и врските, може постојано да се менуваат. Наведените страни или сервиси може да имаат сопствени Политики за приватност на нивните веб-страни.

Вие како посетител сте обврзани да ги прочитате Политиките на приватност на соодветните страни пред да решите да испраќате дел од Вашите лични податоци.

на почеток

Контакт


Доколку имате одредени прашања, коментари или барања кои се однесуваат на Политиката на приватност, Ве молиме да не контактирате преку секцијата “Контакти” на нашата веб страна:

контакт

или да ни пишете на нашата адреса наведена во продолжение:

Интернационален Картичен Систем АД – Скопје
Кузман Јосифовски Питу бр.1,
1000 Скопје
Република Македонија

на почеток

| За нас | Инструкции | Безбедност | Прашања | Контакти | Настани | Политика за приватност 
©2005, on DAIS eBank .NET | Privacy Policy