Почетна  најава 

 
За нас
Контакти
Настани
Инструкции
Безбедност
Помош
Политика за приватност
Најава
Корисничко име:
лозинка:


 
Casys cPay

Инструкции за cPay модулот за трговци

СОДРЖИНА

Најава
Преглед на сите плаќања
Преглед на податоците на корисникот
Промена на лозинка
Код за пренасочување

Извештај за трансакции

 

НАЈАВА

Доколку сакате да го користите cPay модулот за трговец, кликнете на линкот НАЈАВАво секцијата ТРГОВЕЦ’.

За влез на cPay модулот за трговец, Ве молиме внесете ги точните податоци во најавната форма (Вашето корисничко име и лозинка) и кликнете потврди’.

 

 

ПРЕГЛЕД НА СИТЕ ПЛАЌАЊА

По Вашата најава на модулот на трговецот со Вашето корисничко име и лозинка, кликнете на Плаќања на навигациониот горен дел од страната или на текстуалниот линк на левиот дел од страната.

Се отвара нова страна. Таа содржи историја на сите плаќања направени кон трговецот.

Во горниот дел од страната има неколку филтри за пребарување кои може да се искористат за да се прикажат одредени плаќања според претходно дефинираните услови за пребарување.

-      Почетен датум:
Приказ на плаќањата направени по одредениот датум.

-      Краен датум:
Приказ на плаќањата направени пред одредениот датум.

-   Број на нарачка во системот на трговецот:
Приказ на плаќањата, според бројот на нарачка во системот на трговецот.

-      Идентификационен број на трансакцијата во cPay:
Приказ на плаќањето, според идентификациониот број на трансакцијата во cPay.

-     Име на плаќачот:

Приказ на плаќањата, според одреден плаќач од кој се извршени.

-     Име на имателот на платежната картичка:

Приказ на плаќањата, според името на имателот на платежната картичка.

 

-     Банка опслужувач:

Приказ на плаќањата, според деловната банка преку чиј терминал се извршува плаќањето.

 

-     Тип на платежна картичка:

Приказ на плаќањата, според типот на платежна картичка со која е извршено плаќањето.

 

-     -     Статус:

Приказ на плаќањата, според нивниот статус. Статусот на трансакцијата може да биде:

o    Успешна – успешно процесирана трансакција;

o    Одбиена – неуспешно процесирана трансакција;

o    Нарачка во процес – од страна на купувачот не е потврдено плаќањето на нарачката;

  • Откажана – трансакцијата е откажана од страна на купувачот;
  • Во 3D Secure автентикација – во процес е проверка на 3D безбедносните параметри (3D Secure Code и Verified by Visa) на платежната картичка, согласно стандардите на меѓународните картични организации, за електронска трговија;
  • 3D Secure автентицирана – проверката на 3D безбедносните параметри (3D Secure Code и Verified by Visa) согласно меѓународните картични организации е успешно завршена;
  • 3D Secure автентикацијата е неуспешна - проверката на 3D безбедносните параметри (3D Secure Code и Verified by Visa) согласно меѓународните картични организации е неуспешна;
  • Сторно – трансакцијата е отповикана;
  • Одбиена од сервис провајдерот пред финансиска трансакцијатрансакцијата е одбиена од страна на давателот на услугата (оператор на мобилна телефонија, оператор на фиксна телефонија, дистрибутер на топлотна енергија, дистрибутер на електрична енергија...) пред да биде направена финансиската трансакција;  
  • Одбиена од сервис провајдерот по финансиска трансакција - трансакцијата е одбиена од страна на давателот на услугата (оператор на мобилна телефонија, оператор на фиксна телефонија, дистрибутер на топлотна енергија, дистрибутер на електрична енергија...) по направената финансиската трансакција;  

o    Рефундирана – повраток на средства.

 

 

 

Модифицирајте ги филтрите и притиснете го копчето 'Прикажи'.

 

 

ПРЕГЛЕД НА ПОДАТОЦИТЕ НА КОРИСНИКОТ

 

За преглед на податоците на трговецот, кликнете на Податоци за корисникот под Профил на корисникот на навигациониот горен дел од страната или кликнете на текстуалниот линк Профил на корисникот од менито во левиот дел од страната, кој ќе Ве однесе на Податоци за корисникот.

 

Податоците на трговецот не можат да се сменат од cPay модулот на трговецот. За промена на податоците на корисникот, Ве молиме контактирајте ја Вашата Банка.

 

 

 

ПРОМЕНА НА ЛОЗИНКА

 

За промена на лозинката на трговецот, кликнете на Промена на лозинка’ под Профил на корисникот’ на навигациониот горен дел од страната или кликнете на текстуалниот линк Профил на корисникот’ од менито во левиот дел од страната, а потоа кликнете на линкот Промена на лозинка’.

 

Се отвара нова страна. Таа содржи форма која ќе Ви овозможи да ја внесете новата лозинка.

 

Новата лозинка мора да ги задоволува безбедносните барања: да содржи барем една голема буква, една мала буква и цифра. Внесете ја Вашата тековна лозинка, внесете ја Вашата нова лозинка, внесете ја повторно Вашата нова лозинка и притиснете го копчето 'Сочувај'.

Се отвора нова страна која содржи потврда дека лозинката е успешно променета.

 

 


ПРЕВЗЕМАЊЕ НА КОД ЗА ПРЕНАСОЧУВАЊЕ

За превземање на код за пренасочување, кликнете на Код за пренасочување на навигациониот горен дел од страната или кликнете на текстуалниот линк Код за пренасочување од менито во левиот дел на страната.

 

Се отвара нова страна. За превземање на кодот кликнете на сивото копче.

За дополнителни информации во врска со кодот за пренасочување, кликнете тука.

 

ИЗВЕШТАЈ ЗА ТРАНСАКЦИИ

 

За пристап до извештаjот за трансакции, кликнете на Извештај за трансакции на навигациониот горен дел од страната или на текстуалниот линк на левиот дел од страната.

Се отвара нова страна. За изготвување на извештајот потребно е да го изберете почетниот датум, крајниот датум и типот на file-от (во кој формат сакате да Ви биде изготвен извештајот, XLS, XML,TXT, CSV).

 

 

 

Извештајот дава преглед на различни идентификатори во системите (cPay, хостот на CaSys и системот на трговецот) за секоја трансакција одделно.

 

 

Првото поле во извештајот го дава Идентификациониот број на трансакцијата во cPay, второто поле го дава Идентификациониот број во хостот на CaSys (идентификаторот на трансакцијата кој се препраќа до меѓународните картични организации), третото поле го дава бројот на нарачката во системот на трговецот. Кај трговците, даватели на услуги (оператор на мобилна телефонија, оператор на фиксна телефонија, дистрибутер на топлотна енергија, дистрибутер на електрична енергија..), се појавува и четврто поле во извештајот кое ја содржи вредноста на параметарот Details3’ од кодот за пренасочување.

| За нас | Инструкции | Безбедност | Прашања | Контакти | Настани | Политика за приватност 
©2005, on DAIS eBank .NET | Privacy Policy