Почетна   најава 



 
 

ПОЛИТИКА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Последна обнова: 15.07.2021 година

 Испечати    Превземи

Правото на приватност и заштитата на личните податоци на корисниците претставува приоритет за Интернационален Картичен Систем АД Скопје

1.Кои лични податоци ги обработуваме?

2.За кои цели?

3.Дали можеме да ги споделиме Вашите лични податоци со други физички или правни лица, органи или тела?

4.Обработка на вашите лични информации?

5.Кои се Вашите права?

6.Ограничувања на правата на субјектот на лични податоци

7.Сигурност и заштита

8.Промени на оваа Политика за приватност

9. Контакт

 

 

Правото на приватност и заштитата на личните податоци на корисниците претставува приоритет за Интернационален Картичен Систем АД Скопје


Интернационален Картичен Систем АД Скопје посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија и стандадрите кои постојат во рамките на Компанијата. Со цел да го промовираме воспоставениот концепт за заштита на приватноста и да го појасниме начинот на кој вршиме обработка на личните податоци на посетитетелите, при нивната посета или регистрација на нашата интернет страница ја изготвивме оваа Политика за приватност.

Оваа Политика на приватност не се однесува на Вашата посета на други интернет страници до кои пристапувате преку нашите интернет страници.

на почеток

1.Кои лични податоци ги обработуваме?


Заради системска заштита, секогаш кога ќе ја посетите нашата интернет страница, (www.cpay.com.mk) нашиот web сервер привремено го регистрира Вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата односно посетата на интернет страниците. Исто така, во одредени случаи запишуваме информации во форма на „Cookies“ на Вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на интернет страниците според вашите потреби и навики. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на посетителот од страна на web серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на web услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена. Вашите лични податоци ги обработуваме само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашиот cpay интернет портал заради користење на производи и услуги преку виртуелните електронски продавници.

Напомнуваме дека при електронската наплата на сметки, податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка се испраќаат директно до банката преку шифрирана врска.

Посетете ја и прочитајте ја Политиката за колачиња (Cookies)

на почеток

2.За кои цели?


Вашите лични податоци ги обработуваме со цел да Ви овозможиме online користење на нашите услуги.
Притоа, Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност. Ние применуваме сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци како и податоци кои не се лични а се складирани на нашата страна.

на почеток

3.Дали можеме да ги споделиме Вашите лични податоци со други физички или правни лица, органи или тела?


Сите вработени во нашите компании се обврзани да ги чуваат Вашите лични податоци и обучени да обезбедат тајност и заштита при ракувањето со истите и нивната обработка. Вашите лични податоци нема да бидат споделувани со други физички или правни лица, органи на државна власт или други тела, освен во случаи утврдени со закон.

на почеток

4.Обработка на вашите лични информации?


Ние не ги продаваме, разменуваме или изнајмуваме Корисничките лични идентификациони информации на трети лица. Личните податоци може да се откријат само во согласност со законските прописи наведени во регулативата за заштитата на личните податоци како и останатата важечка регулатива.

на почеток

5.Кои се Вашите права?


Доколку сте регистрирани на нашите интернет страници, врз основа на Ваше писмено барање имате право да побарате:

5.1.Доставување информации за обработка на личните податоци

Субјектот на личните податоци може да побара:

  • дали се врши обработка на неговите лични податоци;

  • за целите и правната основа на обработката на личните податоци;

  • корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат личните податоци;

  • за личните податоци во врска со субјектот на личните податоци и изворот на податоци; и

  • за логиката на автоматизирана обработка, во случај на одлука донесена врз автоматска обработка, која има влијание врз субјектот на личните податоци.

5.2.Изменување, дополнување, бришење или сопирање на користењето на личните податоци

  • Субјектот на личните податоци може да побара да ги измени, да ги дополни или да ги избрише неговите лични податоци.

  • По барање на субјектот на личните податоци, КаСис е должен да ги дополни, да ги измени или да ги избрише личните податоци на субјектот, ако податоците се нецелосни или неточни.

5.3. Запирање на обработката на личните податоци

Субјектот на личните податоци има право да побара запирање на обработката на неговите лични податоци кога личните податоци се обработуваат за:



  • извршување работи од јавен интерес или по службена долѓност согласно закон или на трето лице на кое му се откриени податоците; или за

  • исполнување на легитимните интереси на КаСис, трето лице или лице на кое податоците му се откриени, освен ако слободите и правата на субјектот на личните податоци не преовладуваат над таквите интереси.


Ако барањето е основано, КаСис е должен да ја запре натамошната обработка на личните податоци.



на почеток

6.Ограничувања на правата на субјектот на лични податоци


Правата на субјектот на личните податоци се ограничени во случаи кога со нивното практикување ќе се загрози остварувањето на законските цели на КаСис и тоа:

  • за заштита на безбедноста и одбраната на државата;

  • за обезбедување непрекинатост во работењето на КаСис;

  • заради откривање и гонење на сторители на кривични дела;

  • заради заштита од повреда на етичките правила на одредена професија;

  • заради заштита на важни економски или финансиски интереси на државата;

  • заради заштита на важни економски или финансиски интереси на Европската Унија; и

  • заради заштита на правата и слободите на субјектот на лични податоци или правата на другите физички лица.

на почеток

7.Сигурност и заштита


Интернационален Картичен Систем АД Скопје ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располагаат, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална нивна злоупотреба. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.

на почеток

8.Промени на оваа Политика за приватност


Интернационален Картичен Систем АД Скопје го задржува правото во секое време да jа изменат или дополнат оваа Политика за приватност. За секое нејзино изменување или дополнување ќе биде поставено видливо известување на оваа интернет страница.

на почеток

9. Контакт


Доколку имате какви било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на следните адреси:

Интернационален Картичен Систем АД – Скопје
Кузман Јосифовски Питу бр.1,
1000 Скопје
Република Северна Македонија
+389 2 3293 883
contact@casys.com.mk

Напоменуваме дека електронската адреса од која што ќе не контактирате и останатите лични податоци, содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.

на почеток

Овој веб сајт користи колачиња "Cookies"

На веб страницата www.cpay.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство при користење на нашата веб-страница. Дополнителни информации поврзани со “Cookies” може да најдете тука.
| За нас | Инструкции | Безбедност | Прашања | Контакти | Настани | Политика за приватност 
©2005, on DAIS eBank .NET | Privacy Policy