Почетна  најава 



 
Casys cPay
 

Инструкции за cPay модулот за банка

 

 

Најава

Листа на дојдовни плаќања

Листа на појдовни плаќања

Извештај за трансакции

Преглед на податоците за корисникот

Промена на лозинка

 

 

НАЈАВА


Доколку Ви е овозможен пристап на cPay модулот за банка и истиот сакате да го користите, кликнете на линкот ‘НАЈАВА’ во секцијата ‘БАНКА’.



За влез на cPay модулот за банка, Ве молиме внесете ги точните податоци во најавната форма (Вашето корисничко име и лозинка) и кликнете ‘потврди’.

на почеток

 

 

 

 

ЛИСТА НА ДОЈДОВНИ ПЛАЌАЊА


За пристап до листата на дојдовни плаќања, кликнете на ‘Дојдовни плаќања’ на навигациониот горен дел од страната или на текстуалниот линк на левиот дел од страната.



Се отвара нова страна. Таа содржи историја на сите плаќања направени на терминалите на банката дефинирани во cPay.

Во горниот дел од страната има неколку филтри за пребарување кои можат да се искористат за да се прикажат одредени плаќања, според претходно дефинираните услови за пребарување.

  • Почетен датум:
    Приказ на плаќањата направени по одредениот датум.


  • Краен датум:
    Приказ на плаќањата направени пред одредениот датум.


  • Идентификационен број на трансакцијата во cPay:
    Приказ на плаќањето, според идентификациониот број на трансакцијата во cPay.


  • Трговец:
    Приказ на плаќањата според одреден трговец.


  • Опис:
    Приказ на плаќањата според описот на плаќањето.


  • Статус:
    Приказ на плаќањата, според нивниот статус. Статусот на трансакцијата може да биде:

    • Успешна – успешно процесирана трансакција;
    • Одбиена – неуспешно процесирана трансакција;
    • Нарачка во процес – од страна на купувачот не е потврдено плаќањето на нарачката;
    • Откажана – трансакцијата е откажана од страна на купувачот;
    • Во 3D Secure автентикација – во процес е проверка на 3D безбедносните параметри (3D Secure Code и Verified by Visa) на платежната картичка, согласно стандардите на меѓународните картични организации, за електронска трговија;
    • 3D Secure автентицирана – проверката на 3D безбедносните параметри (3D Secure Code и Verified by Visa) согласно меѓународните картични организации е успешно завршена;
    • 3D Secure автентикацијата е неуспешна - проверката на 3D безбедносните параметри (3D Secure Code и Verified by Visa) согласно меѓународните картични организации е неуспешна;
    • Сторно – трансакцијата е отповикана;
    • Одбиена од сервис провајдерот пред финансиска трансакција – трансакцијата е одбиена од страна на давателот на услугата (оператор на мобилна телефонија, оператор на фиксна телефонија, дистрибутер на топлотна енергија, дистрибутер на електрична енергија...) пред да биде направена финансиската трансакција;
    • Одбиена од сервис провајдерот по финансиска трансакција - трансакцијата е одбиена од страна на давателот на услугата (оператор на мобилна телефонија, оператор на фиксна телефонија, дистрибутер на топлотна енергија, дистрибутер на електрична енергија...) по направената финансиската трансакција;
    • Рефундирана – повраток на средства.



на почеток

 

 

 

 

ЛИСТА НА ПОЈДОВНИ ПЛАЌАЊА


За пристап до листата на појдовни плаќања, кликнете на „Појдовни плаќања“ на навигациониот горен дел од страната или на текстуалниот линк на левиот дел од страната.



Се отвара нова страна. Таа содржи историја на сите плаќања со платежните картички издадени од банката, направени на терминали дефинирани во cPay.
Во горниот дел од страната има неколку филтри за пребарување кои можат да се искористат за да се прикажат одредени плаќања, според претходно дефинираните услови за пребарување.

  • Почетен датум:
    Приказ на плаќањата направени по одредениот датум.


  • Краен датум:
    Приказ на плаќањата направени пред одредениот датум.


  • Тип на платежната картичка:
    Приказ на плаќањата направени според типот на користените платежни картички.


  • Првите 6 цифри од бројот на платежната картичка:
    Приказ на плаќањата, според првите 6 цифри од броевите на платежните картички.


  • Последните 4 цифри од бројот на платежната картичка:
    Приказ на плаќањата, според последните 4 цифри од броевите на платежните картички.


  • Идентификационен број на трансакцијата во cPay:
    Приказ на плаќањето, според идентификациониот број на трансакцијата во cPay.


  • Трговец:
    Приказ на плаќањата според одреден трговец.


  • Опис:
    Приказ на плаќањата според описот на плаќањето.


  • Статус:
    Приказ на плаќањата, според нивниот статус. Статусот на трансакцијата може да биде:

    • Успешна – успешно процесирана трансакција;
    • Одбиена – неуспешно процесирана трансакција;
    • Нарачка во процес – од страна на купувачот не е потврдено плаќањето на нарачката;
    • Откажана – трансакцијата е откажана од страна на купувачот;
    • Во 3D Secure автентикација – во процес е проверка на 3D безбедносните параметри (3D Secure Code и Verified by Visa) на платежната картичка, согласно стандардите на меѓународните картични организации, за електронска трговија;
    • 3D Secure автентицирана – проверката на 3D безбедносните параметри (3D Secure Code и Verified by Visa) согласно меѓународните картични организации е успешно завршена;
    • 3D Secure автентикацијата е неуспешна - проверката на 3D безбедносните параметри (3D Secure Code и Verified by Visa) согласно меѓународните картични организации е неуспешна;
    • Сторно – трансакцијата е отповикана;
    • Одбиена од сервис провајдерот пред финансиска трансакција – трансакцијата е одбиена од страна на давателот на услугата (оператор на мобилна телефонија, оператор на фиксна телефонија, дистрибутер на топлотна енергија, дистрибутер на електрична енергија...) пред да биде направена финансиската трансакција;
    • Одбиена од сервис провајдерот по финансиска трансакција - трансакцијата е одбиена од страна на давателот на услугата (оператор на мобилна телефонија, оператор на фиксна телефонија, дистрибутер на топлотна енергија, дистрибутер на електрична енергија...) по направената финансиската трансакција;
    • Рефундирана – повраток на средства.



на почеток

 

 

 

 

ИЗВЕШТАЈ ЗА ТРАНСАКЦИИ


За пристап до извештаjот за трансакции, кликнете на ‘Извештај за трансакции’ на навигациониот горен дел од страната или на текстуалниот линк на левиот дел од страната.



Се отвара нова страна. За изготвување на извештајот потребно е да го изберете почетниот датум, крајниот датум и типот на file-от (во кој формат сакате да Ви биде изготвен извештајот, XLS, XML,TXT, CSV).
Првото поле во извештајот го дава Идентификациониот број на трансакцијата во cPay, второто поле го дава идентификациониот број во хостот на CaSys, третото поле го дава бројот на нарачката во системот на трговецот. Кај трговците, даватели на услуги (оператор на мобилна телефонија, оператор на фиксна телефонија, дистрибутер на топлотна енергија, дистрибутер на електрична енергија..), се појавува и четврто поле во извештајот кое ја содржи вредноста на параметарот ‘Details3’ од кодот за пренасочување.


на почеток

 

 

 

 

ПРЕГЛЕД НА ПОДАТОЦИТЕ ЗА КОРИСНИКОТ


За преглед на податоците за корисникот на cPay модулот за банка, кликнете на ‘Податоци за корисникот’, под ‘Профил на корисникот’ на навигациониот горен дел од страната или кликнете на текстуалниот линк ‘Профил на корисникот’ од менито во левиот дел од страната, кој ќе Ве однесе на ‘Податоци за корисникот’.



Податоците за корисникот не можат да се сменат од cPay модулот на банка. За промена на податоците на корисникот, Ве молиме контактирајте го cPay, cpay@casys.com.mk




на почеток

 

 

 

 

ПРОМЕНА НА ЛОЗИНКА


За промена на лозинката на корисникот на cPay модулот на банка, кликнете на ’Промена на лозинка’ под ’Профил на корисникот’ на навигациониот горен дел од страната или кликнете на текстуалниот линк ’Профил на корисникот’ од менито во левиот дел од страната, а потоа кликнете на линкот ’Промена на лозинка’.



Се отвара нова страна. Таа содржи форма која ќе Ви овозможи да ја внесете новата лозинка.


Новата лозинка мора да ги задоволува безбедносните барања: да содржи барем една голема буква, една мала буква и цифра. Внесете ја Вашата тековна лозинка, внесете ја Вашата нова лозинка, внесете ја повторно Вашата нова лозинка и притиснете го копчето 'Сочувај'.
Се отвора нова страна која содржи потврда дека лозинката е успешно променета.


на почеток

 

 

Овој веб сајт користи колачиња "Cookies"

На веб страницата www.cpay.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство при користење на нашата веб-страница. Дополнителни информации поврзани со “Cookies” може да најдете тука.
| За нас | Инструкции | Безбедност | Прашања | Контакти | Настани | Политика за приватност 
©2005, on DAIS eBank .NET | Privacy Policy